Децата се како сунѓер - сите работи ги „впиваат“ и учат од возрасните

Многу луѓе кои се родители ќе се согласат дека воспитувањето на децата не е воопшто едноставно.

Многу истражувања покажуваат дека децата се како сунѓер кој впива сѐ од своите родители, односно дека тие го имитираат однесувањето од повозрасните постојано. Кога возрасните се трпеливи, така и децата го учат таквото однесување, и обратно – децата се нетрпеливи кога тоа ќе го научат од своите родители.

Многу важно прашање  е како да се израснат здрави и среќни, но и воспитани деца со добар карактер.  Иако не постојат јасни одговори за тоа, сепак експертите посочуваат неколку практики кои се корисни.

1. Научете ги децата да велат „благодарам“ и „те молам“ кон сите луѓе, особено вработените во маркетите, келнерите и наставниците.

2. Постојано потсетувајте ги своите деца дека мора да се љубезни кон другите, а исто така и кон вас. Ако без збор ја напуштат масата за време на вечерата или пак зборуваат со полна уста, посочете им дека тоа не е добро.

3. Коригирајте го нивното лошо однесување. Секогаш кога ќе претераат во нешто, ги прекинуваат другите додека зборуваат или пак земаат нешто без прашање, потсетете ги на добрите манири кои треба секогаш да ги применуваат.

4. Не се плашете да ги покажете своите чувства пред децата. На тој начин, тие ќе ги препознаат добрите и лоши чувства и ќе сфатат дека тие се дел од животот.

5. Одвојте време за нив. Немојте да мислите дека сте ја решиле ситуацијата само ако сте им дале таблет и сте ги замолчале на половина час. Потрудете се да поминете значајно време со нив.

6. Поставувајте им прашања за тоа како им поминал денот. Натерајте ги отворено да разговараат за тоа и да споделат.

7. Дозволете им на децата да истражуваат, да поставуваат прашања и постојано да откриваат нови нешта.

8. Правете работи за другите луѓе за да можат да научат да развиваат емпатија и да им помагаат на другите.