Децата од скопски Центар најчести пациенти за болести на дишните патишта

Додека загадувањето во Скопје урива светски рекорди, речиси незабележано минаа резултатите од испитувањето на последиците од загадувањето на амбиентниот воздух врз здравјето децата во Скопје.

Највисока стапка на вкупен број на прегледи кај лекар специјалист заради болести на дишните патишта е регистрирана во Општина Центар додека најмалата била во Сарај, се вели во заклучоците од испитувањето на последиците од загадувањето на амбиентниот воздух врз здравјето на луѓето, со посебен осврт на децата од претшколска и школска возраст (2017/2019) кое беше финансирано од ланскиот буџет на Градот Скопје, јавува Мета.

Притоа најголемиот број на прегледи заради респираторни болести бил забележан кај возрасната група од 0 до 6 години во Општина Центар, а старосната група над 15 години од истите причини најчесто одела на лекар во Карпош и Центар, и повторно најретко во Сарај.