Децата од Општина Бутел го одбележаа Денот на шегата

Денеска во прекрасна атмосфера со многу дец во Општина Бутел беше одбележан Денот на шегата.

-Многу насмевки, детска радост и џагор го одбележаа овој прекрасен настан во кој главниот збор го имаа најмладите.

Многу доктори, принцези, самовили, фудбалери, нинџи, пчелички, цвеќиња беа дел од уникатните детски маски кои дечињата се потрудија сами да ги изработат, информира градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.