Децата не смеат да се снимаат и споделуваат јавно без родителска согласност

Вчеравечер видео од момче на околу 10-годишна возраст стана хит на социјалните мрежи, по што следеа низа коментари за изјавата на детето. 

По кратко време, видеото беше повлечено на одлука на родителите. 

Експерите од областа на заштита на правата на децата реагираа на леснотијата со која видеото, без размислување и без согласнот од родителите, беше споделувано и коментирано. 

Се редеа секакви коментари, па така експерите прашаа: Кој ви дава право врз основа на едно некомплетно видео да судите дека едно дете е размазено, легенда, херој...?

-За жал, ова е уште еден случај во кој, идентитетот на детето не е заштитен при споделувањето јавно. Нам како родители може ни е забавно, но многу деца, може да го исмејуваат и може да биде предмет на сајбер булинг. Децата не смеат да се снимаат и споделуваат јавно без родителска согласност. Поинаку, сите ние ги кршиме нивните права, вели новинарката Вики Ристоска.