Децата на улица и понатаму остануваат нерешлив проблем за државата

Малите рачиња кои бараат 5 до 10 денари, се почесто може да се видат по улиците. Еден татко признава дека мора да питачи за да го прехрани 7 членото семејство, но вели дека никогаш не ги изнесува децата на улица.

„Имам 5 дечиња, социјално земаме 1.800 денари, јас одам да питачам во чаршија, но сама излегувам никогаш со децата“, вели тој.

Друг родител пак има 4 дечиња, за да го прехрани семејството работел што ќе најде. Само едно од 4-те деца одело на училиште бидејќи за другите немал пари. Вели дека никогаш не ги пуштил децата да питаат, а за оние кои го прават тоа ја обвинува државата.

„Родителите не се виновни, државата е виновна, кој родител не сака да му помогне на неговото дете, ама ако тие луѓе не се вработат некаде од каде ќе имаат можност да си ги прехранат децата“, истакна тој.