Децата ги препуштаме во институции кои не се способни да ги заштитат

Уште еден случај на булинг, односно врсничко насилство, е во центарот на вниманието на јавноста.

Директорката на основното училиште во Градско каде е нотиран случајот е разрешена, но очигледно сите овие акции се задоцнети. Булингот врз ученикот траел две години. Учениците од деветто оделение се изживувале врз свој соученик, до степен што дома се враќал со искината долна облека.

Најави за решавање на случајот има, но генералната состојба со врсничкото насилство е застрашувачка.

Каде треба да се лоцира вината, кај родителите, наставниците, или кај стручните служби?

-63% од учениците потврдуваат дека насилството е постојано присутно во училиштата. Дури 70% од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но, истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Најголем број од нив, дури 60 отсто го препознаваат физичкото насилство, што во голема мера е највидливо. Во висок процент е присутно и психичкото, 43 и сајбер насилството – 27 отсто, покажа истражувањето на Аналитика.

Оттаму велат дека образовниот систем, односно училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото.

Еве што велат родителите на темава: 

-Во училиштата врие од булинг. Дирекрен и суптилен. Ништо посебно не се прави за да се спречи. Децата ги препуштаме во институции кои не се способни да ги заштитат. Се штитат само себеси. Арам да ви е!

-,,Што сме ние виновни што детето ти е толку многу чувствително !И ние така се калевме! Па нека научи да се брани сам/а!“. Ме влече да се спуштам на негово ниво за да си го заштитам детето. А не можам да го испровоцирам јас него да се качи на мое ниво за да се разбереме. Чаре?

-За жал и јас имам искуство со ова, со син ми, во градинка и во основно. Во градинка требаше јас да се расправам со родителите за да се смени нешто. Но, во основно, за среќа наидов на совесни родители со кои разговаравме цивилизирано, потоа тие зборувале дома со нивните деца и никогаш не се повтори. Вината е прво во родителите кои немаат слух и не се замараат што прават нивните деца, а потоа во институциите кои не се заинтересирани воопшто. Ниту следат што се случува, ниту реагираат.

-За малтретирање на ученикот од Градско. Невозможно е соученици да не знаеле, соучесници се. Невозможно е ниеден наставник да не знае, соучесник е. Невозможно е ниеден родител да не знае, соучесник е. Во што се претворивме!?