Деца во градинка: Ти си ретардиран, глупав си и сељак – така му вели мама на татко ми!

Децата се како сунгери, тоа е докажано. Впиваат се што треба и што не треба. Најмногу време поминуваат со своите родители, баби и дедовци и брат или сестра, па најчесто и за своето однесување гледаат од нив.

Лиле е воспитувачка во градинка. Таа има уште некоја година до пензија, па затоа има можност да ги споредува децата какви се денеска, а какви биле порано.

Дека денеска децата се понапредни и попаметни, покажуваат многу примери, но дека се побезобразни и невоспитани, покажуваат уште повеќе.

-“Ти си ретардиран”, вака еднаш едно девојче му се обрати на својот другар, бидејќи и ја зема играчката. Ја прашав од каде таков збор, ми рече “мама го вика така татко ми”...

Глупав си, ретардиран, селанец, ништо не разбираш, користење на разни безобрани зборови, па дури и пцовки.

-Секогаш кога ќе ги прашам од каде ги научиле истите, ми одговараат дека дома така вика тато, мама или бато, вели Лиле.

Таа вели, дека многу пати до сега разговарала со родителите на оваа тема, но никогаш немало некаков резултат. Ситуацијата станува секој ден се полоша, додава таа.

-Со чест на исклуоци, постојат и добри, воспитани деца, но не се вели залудно дека децата се огледало на родителите, раскажува Лиле.