Дебелината – модерна епидемија: Светот полн со дебели луѓе, ни Македонија не е ништо подобра!

Јадење брза храна, многу седење, а малку физичка активност според експертите за јавно здравство се дел од причините за зголемувањето на бројот на дебели луѓе во Македонија.

По објавувањето на најновото истражување на Институтот за јавно здравје дека речиси 20 проценти од мажите и 17 отсто од жени постари од 18 години имаат вишок колограми за лекарите причините за ваквата состојба се и индивидуални и системски. Загрижувачки е и податокот дека секое трето дете има зголемена телесна тежина.

Причините на индивидуално ниво се јадење храна со голема калориска вредност, а таа храна нема никаква нутритивна вредносат и секако слабата физичка активност.

За да не станеме дебела нација од Институтот за јавно здравје се категорични дека треба да се превземат мерки и на локално и на централно ниво.

Инаку, според лекарите дебелината и лошата исхрана се поврзуваат со кардиоваскуларни, малигни заболувања и дијабет.

Дебелината не е само проблем во Македонија, туку е и светски проблем. Најновото истражување на глобално ниво покажува дека од 1975 до денес бројот на дебели луѓе е згполемен за 10 проценти.

Околу 500 милиони фунти одвојува Велика Британија за социјална помош наменета за гојазните лица и за зависниците. Но, реакциите на обичните граѓани се дека дебелите под итно треба да почнат да се грижат повеќе за самите себе и за своето здравје.

Дејвид Камерон, премиерот на Велика Британија, деновиве најавил дека претерано дебелите луѓе наместо да добиваат социјална помош неопходна им е медицинска помош, оти лекувањето на гојазноста дава добри резултати. Доколку одбијат вакво лекување, државата ќе им ги скрати бенефициите.

Најголем број од овие лица не се работоспособни и државата им дава редовна социјална парична помош. На списокот во Велика Британија како многу дебели лица евидентирани се околу 2.000 лица кои заради нивната прекумерна тежина се класифицирани во групата на претерано гојазни. Во просек овие лица неделно примаат социјална помош од 110 фунти, имаат право на станбено сместување, како и други даночни олеснувања.

Камерон побарал од владиниот советник за здравство да ја разгледа оваа состојба, бидејќи се работи за луѓе кои имаат свои сопствени одлуки, што треба да ги променат, оти државата не е должна на овој начин да ги помага.

- Живеаат од социјална помош наместо да побараат работа и самите да се грижат за себе и семејството - вели Камерон и појаснува дека не е фер лицата што работат и што плаќаат данок на државата да ги финансираат овие лица, бидејќи ги мотивираат да не работат и се повеќе да се дебелеат.

Една дебела Британка по име Кристина Бриг загрозена од најавите на Камерон за „Дејли мејл" изјавила дека и требаат пари за да се ослободи од вишокот на килограми, но одбива тоа да го стори со оперативен зафат.

За разлика од Велика Британија во некои држави во светот дебелината се казнува. Во Порторико се најавуваат законски измени со кои родителите на дебелите деца ќе плаќаат парични казни во износ и до 800 долари.

Целта на оваа одлука е подобрување на здравјето кај децата и приморување на родителите да се грижат за семејното здравје.

Доколку оваа одлука се прифати, наставниците на јавните училишта ќе имаат задача потенцијално дебелите деца да ги упатат кај советник или социјален работник.

Во Македонија дебелите лица ниту добиваат социјална помош, ниту пак се казнуваат родителите коишто ги здебелиле своите деца.