Дебелина во младоста – болест во староста

Жените кои во младоста мака мачеле со вишокот килограми, во подоцнежните години често заболуваат од различни видови на карцином, особено од тумор на дојка…

Жените кои во младоста мака мачеле со вишокот килограми, во подоцнежните години често заболуваат од различни видови на карцином, особено од тумор на дојка, тврдат експертите од американскиот Национален институт за рак.

До тоа сознание дошле благодарение на истражувањето, кое опфатило околу 100.000 дами во периодот на менопауза. Испитаничките одговарале на прашањата колку килограми имале на 18 и 35 години, но и на 50 години.

Резултатите покажале дека жените кои се здебелиле 20 до 30 килограми, имаат за 1,5 пати поголем ризик да заболат од рак на дојка во однос на оние кои имале исти килограми како и во младоста.

Хормонот естроген е еден од главните виновници за туморот на дојката, а се произведува во масните клетки. Кај дебелите жени неговата концентрација е очигледно поголема. Сепак, неопходно е да се расветлат уште некои, до сега нејасни врски, меѓу начинот на исхрана и заболувањето од рак – нагласи Џудит Ен, член на истражувачкиот тим.