Дебар, Скопје и Куманово се во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот

Во Македонија според последните податоци, објавени вчера, бројот на заболени со коронавирусот е 329 лица, а бројот на починати се искачи на 9. “Проценката на ризик на Светската здравствена организација (СЗО) на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека: Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата). Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје. Како што е познато единствено во општините Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена. Од Општината Куманово, каде вчера беа регистрирани најголем број на новозаболени со вирусот на ниво на државата, последниве денови континуирано се бара и таа да оди во карантин, но за сега властите сметаат дека нема потреба за тоа. На територијата на Македонија пак е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена. (izvor- emagazin.mk)