„Давална“ на Каревци - хуманата приказна на скопскиот „Винтерленд“

Втора година по ред учениците од скопската гимназија „Никола Карев“ се дел зимската бајка „Винтерленд“ која се случува на скопскиот плоштад. И оваа година „Давална“ го разубава скопскиот плоштад со убавата хумана приказна која ја носи во себе.

Во „Давална“ има топол чај за тие што се премрзнати, сочувана облека за оние што немаат, по некоја играчка за најмладите. Донациите се собирани две недели однапред. И буквално се е бесплатно. Идејата за името на задачата е да се даде нешто и без за возврат да се побара. 

„Давална“ е дел од проектните задачи кои учениците ги изработуваат по предметот Граѓанска култура, заедно со одговорниот професор Валентина Панчарова.  

Денес лајковите, пофалбите одам на сметка на каревци. Тие се причина за среќата и радоста во нашите срца и вербата дека младите можат и знаат да бидат хумани.