Датумот на раѓање открива колку ви е наклонет универзумот

Кога ќе го соберете датумот на раѓање, ќе добиете еден број кој е ваш и кој открива колку ви е наклонет универзумот и каква среќа ве следи во животот.

На пример, ако сте родени 06.06.1990, тоа би било 6+6+1+9+9=31=3+1=4

Прочитајте го описот во продолжение за да откриете што ви носи вашиот број.

1 – Создавање

Овој број симболизира создавање. Луѓето кои го имаат овој број се сметаат за лидери во своето окружување. Имате моќ да ги претворите сите идеи во реалност, но треба да бидете внимателни – да не ја користите својата моќ за да ги манипулирате другите. 

Вашата идеална професија е поврзана со креативноста и создавањето, иновациите и големите нешта.

2 – Емпатија

Луѓето родени со овој број чувствуваат силно и генерално многу ја чувствуваат енергијата на другите луѓе. Додека растат, тие се свесни дека мораат да се прилагодат на светот, но и понатаму имаат силна интуиција низ животот. Тие се големи емпати и тоа што го имаат во себе е најчесто скриено од другите луѓе. 

Постои ризик од чести напади од енергетски вампири или токсични луѓе, како и голем стрес во животот поради нивните силни чувства. Потрудете се редовно да ги полните своите батерии и да најдете време за себе.

Вашата идеална професија е поврзана со истражување, помагање на другите и интуција.

3 – Три месечини

Овој број симболизира 3 месечини. Во себе носите огромна креативна енергија и способни сте дури и најмалите идеи да ги претворите во убава реалност. Старата изрека “внимавај што ќе посакаш” навистина важи за вас, бидејќи лесно можете да остварите што и да посакате. 

Вашата идеална професија е поврзана со уметност.

4 – Елементалист

Овој број се однесува на четирите елементи на Земјата: оган, вода, воздух и земја. Вашата суштина лежи во хармонијата на сите елементи, така што вие сте многу рационална личност и имате силна волја. Постојано туркате низ животот со огромна помош од енергијата на овие 4 елементи. Знаете како да најдете задоволство во животот.

Вашата идеална професија е поврзана со дипломатијата и политиката, но и креирањето хармонија.

5 – Спиритуалист

Овој број го симболизира петтиот елемент. Луѓето родени во овој знак се во контакт со духовниот свет и имаат силна интуиција. Лесно се поврзувате со другите луѓе и лесно можете да ги прочитате другите околу вас.

Вашата идеална професија е поврзана со духовноста.

6 – Соларен научник

Бројот 6 го симболизира Сонцето и ја претставува светлината. Луѓето кои го носат овој број имаат неверојатна позитивна енергија, а вашата светлина им помага на луѓето околу вас и го убива мракот.  Имате силна волја да им помагате на другите и да ги водите напред. Но, внимавајте, со тоа доаѓа и голема одговорност. Научете како да го користите твој свој дар на етичен начин.

Вашата идеална професија е психолог, психотерапевт, социјален работник.

7 – Магична месечина

Бројот 7 ја симболизира магијата на месечината. Вие сте личност која учи од своите лекции и која не ги повторува грешките. Сакате да импровизирате и да пробувате многу нешта во животот, а ги сакате и далечните патувања. 

Вашата идеална професија е поврзана со откривање нови нешта, визионерство, иновации.

8 – Традиционална вештица

Овој број е еден од најмагичните броеви. Имате извонредни вештини, но тие не се искористени во целост додека не почнете да го славите својот дар. Имате точен интерен компас кој ви кажува што е добро,  а што е погрешно.

Вашата идеална професија е поврзана со медицината, физиката и астрономијата. Би биле и добри адвокати.

9 – Шаман

Последниот број ја симболизира хармонијата на човечкото, космичкото и природното. Тој ја отвора вратата на бесконечноста, циклусот на крајот и повторното раѓање. Ги гледате работите поинаку од другите, креативни сте и имате единствен поглед на светот. 

Ваша најдобра професија е создавањето подобар свет – политика, невладини организации, хуманитарна работа.