Датумот на раѓање открива: каква фигура имате?

Нумерологијата може да ни открие тајни за нашето тело! Со помош на бројките дознајте каков вид на фигура имате. Се што е потребно да направите е да направите едноставна математика со цифрите кои го сочинуваат вашиот датум на раѓање. 

Па така, да речеме 27.09.1987 би се пресметал на следниов начин: 2+7+0+9+1+9+8+7=43=4+3=7

Бројот 7 на оваа личност и ја одредува фигурата. 
Во продолжение прочитајте го значењето на вашиот број:
Нумерологијата во овој случај функционира исклучиво на жени.

Број 1

Ваквите личности обично се многу активни и ретко имаат прекумерна тежина. Динамичноста резултира со витка и затегната фигура.

Број 2

Личностите од овој тип имаат тенденција да се дебелеат и често се одлучуваат за диети. Но, она што не знаат е дека изгладнувањето за нив е строго забрането. Наместо тоа, предност треба да ѝ дадат на храната од растително потекло и на физичките активности.

Број 3

Овие личности се склони на непотребни грижи, а што им е потешка душата, тоа им е потешко и телото. Личностите со овој број треба да се ослободат од тежината на негативните емоции и ќе изгледаат сè подобро и подобро.

Број 4

На личностите со овој број им се препорачува да се занимаваат со омилените активности. Работното задоволство може да ги направи гладни, а како резултат на тоа, телото да започне да таложи непотребни количини на маснотии.

Број 5

Типот на фигура кај овие личности секогаш зависи од животната позиција. Оптимистите имаат витка линија, а песимистите обратно. Потребно е да живеете живот со полни гради, а вашето тело само ќе се ослободите од непотребните килограми.

Број 6

Луѓето со овој број често имаат пропорционална фигура, а за да ја сочуваат својата убавина потребно е само да се исхрануваат пропорционално.

Број 7

За овие личности многу е важно да одржуваат добри односи со партнерот. Често поради проблемите во бракот или врската можат да почнат да имаат проблеми и со тежината.

Број 8

За овие личности важно е да научат да простуваат. Преголемата лутина може да ги натера да акумулираат непотребни масни наслаги.

Број 9

Овие типови се склони кон дебелеење, а намалувањето на непотребните килограми обично им оди тешко. Одлична варијанта за овие личности е да консумираат поголеми количини на кисело овошје.