Даштевски: Излезноста до 18:30 е 48,88%

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, соопшти дека излезноста до 18:30 часот на вториот круг од локалните избори 2021 година изнесува 48,88%.

Вкупно, до 18:30 часот, гласале 555 943 гласачи, информираше тој. 

Најголема излезност има во Вевчани – 81,2 проценти, потоа во Росоман – 80,81 процент и Демир Капија – 80,37 проценти, додека во останатите општини излезноста е под 78 проценти.

Најмала излезност има во Сарај – 28,12 проценти.

– Сметам дека сите се уверивме дека имавме успешен и мирен гласачки ден, со изолиран број на инциденти, кои не се организирани. Имавме фер и демократско гласање, каде видовме дека уредите за биометриска идентификација на гласачите работеа беспрекорно, освен некои случаи сабајле, кои се регулираа и веќе не се повтори тоа, рече  Даштевски.

Да почекаме, изјави Даштевски, да се пребројат резултатите и да заклучиме дека денот помина успешно.