Дарко Рундек на „Скопје колинг“ во иста вечер со „Тексас“

Дарко Рундек на „Скопје колинг“.

„Авалон продукција“ најавува дека еден од најголемите фаворити на сите времиња од ексјугословенските простори на канцеларијата на „Авалон продукција“, како и на македонската публика, Дарко Рундек, ќе настапи со својот бенд со „Грејтест хитс шоу“ на 23 јуни, и тоа пред настапот на легендарните „Тексас“, што значи дека саботната вечер ќе биде вечер на уживање за сите генерации. Сите детали околу билетите  ќе бидат познати на 6 март во 21 часот.