Дарко Костовски ветува: Општина Бутел без депонии

Новиот градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски преку својата официјална Фејсбук страница ја информираше јавноста дека ќе ги отстрануваат депониите во општината.

Тој соопшти дека лоцирале депонии на 12 локации и истите ќе бидат решени за помалку од една недела.

"Општина Бутел без депонии. Денеска почнавме со отстранување на депонии во Општина Бутел, лоциравме депонии на дванаесет локации, истите ќе бидат решени за помалку од една недела. Почнуваме со силно темпо, следете не.", напиша Костовски.