Даниловски предлага примена на „шведски модел“ и во Македонија

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека би требало да се заштити само најранливата категорија граѓаните, односно лицата над 75 години, затоа што за 10.000 пати повеќе се изложени на ризик од коронавирусот отколку децата до 15 години.

-Се друго треба да се пушти да го прележи вирусот. Тој што сака да се вакцинира, нека се вакцинира. Време е веќе да се укинат ковид-пасошите и сертификатите, затоа што се бесмислени. Нема смисла да сум вакциниран со три дози, а ако исто така го пренесувам вирусот. Изолациите да се скратат за почеток на 5 дена, а потоа ако се види дека премногу се заразуваат, не може пола држава да биде во изолација, потенцира Даниловски во изјава за ТВ Телма.

Според епидемиологот, Македонија треба да примени шведски модел.

-Сите што се без симптоми, а се позитивни на Ковид-19, да не одат во изолација. Нека си вршат работни обврски, стави си една или две маски и води сметка, апелира д-р Даниловски.