Даниловски: Не знам зошто родителите одбиваат скрининг

Епидемилогот проф. д-р Драган Даниловски вели дека не му е јасно зошто има отпор и недоверба кај дел од родителите, за постапка која е токму во полза на што поголема безбедност на нивните деца.

„Зарем прават проблем ако матичниот доктор пропише дека треба да се земе брис од нос и грло кога детето има ангина?“, прашува тој додавајќи дека ова не се брисеви што се користат за ПЦР тестови, кои се непријатни за земање. Конечно, нели сите сакаа настава во живо? Во услови на пандемија, наставата во живо бара и примена на одредени мерки на безбедност – како што се брисевите, маските, проветрувањето на училниците“, вели Даниловски во изјава за Мета.

Откако надлежните почнаа да прибираат согласности од родители на деца кои треба да бидат тестирани за ковид-19, професорот вели дека од скринингот во училиштата може да се има полза само ако се има увид во состојбата во тек на време, односно тестирањата треба да се прават еднаш неделно.

По најавениот скрининг, многу родители бурно реагираат дека нема да дозволат нивните деца да бидат тестирани.