Даниела Арсовска од Карпош: На Скопје му недостасуваат култни културни места!

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го посети Карпош, каде што се сретна со жителите на оваа скопска општина. Во своето излагање пред граѓаните, истакна дека суштински промени се неопходни за подобрување на животот на карпошани, но пред се, смета дека културата е еден од најважните сегменти каде што треба итно да се делува.

На Скопје му недостасуваат културни настани, на Скопје му недостасуваат младински центри. На Скопје му недостасуваат култни културни места. Кинотеката на Македонија е пример за тоа дека имаме заборавени места во Скопје што може да прераснат во вистински културни младински центри. Ваков тип на објекти треба да има во секоја општина, а МКЦ да стане вистински центар на културата во Скопје. Не само да се сеќаваме на убавите времиња во градов туку да креираме нови спомени од што повеќе културни настани, а младите уметници да имаат свое место за изразување на својата креативност“ - истакна кандидатката за градоначалник Данела Арсовска.

На средбата Данела ги слушна секојдневните проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните од оваа општина и размени бројни идеи со цел подобрување и модернизација во сите сфери од функционирањето на општината.

Со своето знаење и меѓународно искуство знам како Скопје да прерасне во културен центар на регионот. Не треба многу за видливи резултати, треба јасна визија и посветеност. Јас ја имам таа визија и со почетокот на кампањата мои скопјани ќе се уверите во тоа“ - заклучи Арсовска.