Даниел Кајмакоски стана татко по трет откако на свет дојде малата Емилија. Тој оваа радосна вест ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм каде постираше слика од неговата новородена ќерка.
„Емилија Кајмакоска. Најголемата авантура во мојот живот штотуку започна. За мојата неверојатна сопруга Марина Кајмакоска, ти навистина си нашиот херој“, напиша Кајмакоски.
Кајмакоски со неговата втора сопруга Марина, го имаат синот Стефан, а сега и нивната принова, малата ќеркичка. Даниел Кајмакоски веќе неколку години живее во Србија.