Дани Димитровска ќе одржи концерт со оркестарот на Македонската филхармонија

По повод 20 години на македонската музичка сцена, Дани Димитровска, со јубилеен концерт во срцето на овој ГРАД ЗА ЉУБОВ, во Македонската филхармонија. Заедно со филхармонискиот оркестар и под диригентската палка на Бисера Чадловска, ве поканува на единствено музичко доживување.

Бидете и вие дел, и доживејте ги нејзините хитови на еден сосема поинаков начин.

07. Март, (четврток) 20:30 часот.

Влезниците по цена од 600 денари, ќе бидат пуштени во продажба утре во 09 часот наутро, online на mktickets, karti.com.mk и во продажните места на Литература.мк, во Скопје.