По повод 20 години на македонската музичка сцена, Дани Димитровска, со јубилеен концерт во срцето на овој ГРАД ЗА ЉУБОВ, во Македонската филхармонија. Заедно со филхармонискиот оркестар и под диригентската палка на Бисера Чадловска, ве поканува на единствено музичко доживување.

Бидете и вие дел, и доживејте ги нејзините хитови на еден сосема поинаков начин.

07. Март, (четврток) 20:30 часот.

Влезниците по цена од 600 денари, ќе бидат пуштени во продажба утре во 09 часот наутро, online на mktickets, karti.com.mk и во продажните места на Литература.мк, во Скопје.