Данев: Тие што треба да превземат средства за прочистување на воздухот во град Скопје протестираат сами против себе

Пратеникот од редовите на Вмро Дпмне Драган Данев на денешната седница во Собранието на Република Македонија изјави дека тие што треба да превземат средства за прочистување на возухот во град Скопје и кои што бараат доверба од граѓаните на град Скопје ,демек ќе го решиле проблемот со загадувањето, денеска протестираат сами против себе.

Тој цитираше фејсбук статус на новинарка која вели: “Граѓанинот Јани Макрадули протестираше за почит воздух против заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Вториот Јани рекол ќе превземе мерки, ама не кажал какви. Првиот Јани ништо не кажал, бидејќи никој не го прашал што бара на протестот .” Ова е денес Република Македонија, ова е денес политичкиот амбиент во кој што се работи тука. Жално и трагично, вели Данев.

Исто така Данев во својот говор додаде дека Гостивар е град кој доживува сериозна кадровска криза, барајќи човек кој ќе е искрен, чесен, одговорен и со рејтинг кај гостиварчани кои што ќе го кандидираат за градоначалник на општината, од редовите на СДСМ. Како тој што ги нарече “само – себе протест ” утре ќе се случи и во Гостивар каде што Џафери и Мемеди ќе штрајкуваат против градоначалникот Бејта.

Исто така тој зборуваше и за граѓаните на град Гостивар, додавајќи дека тие повеќе не сметаат дека кај нив ќе дојде нова странска инвестиција која што ќе отвори илјадници нови работни места. Веќе не се надеваат дека ќе почне со изградба автопатот Гостивар – Кичево.