Данела Арсовска официјално ја презеде градоначалничката функција на Град Скопје

 

Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија. 

На локалните избори 2021, Арсовска како независен кандидат победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник Петре Шилегов.