Дали знаете што е магија?

Дали знаете што е магија?

Добрата намера. 

Нежноста.

Несовршеноста која не се крие.

Да признаете грешка и ја поправите.

Извинувањето, подготвеноста да се извиниш и да прифатиш извинување.

Истрајност до добрината. Подадената рака. Прегратката. Охрабрувањето.

Времето кое си одлучил да го подариш некому. Едноставноста. Блискоста. 

Подготвеноста заедно со некого да направиш нешто за првпат. 

Да знаеш кога да застанеш. Да препознаеш кога да си заминеш. 

Да не дозволиш некој важен да се посомнева во тоа колку е важен.

Да не се држиш само за она што се познато и сигурно. 

Да се препуштиш и опуштиш.

Да останеш до крај кога си потребен некому.

Да не побегнеш кога е тешко...