
Дали знаете каде е лоциран овој знак кој е важно потсетување за сопствениците на миленици?
Можеби не сте знаеле, но ваков знак има во центарот на Скопје, поточно во близина на Католичка црква и има за цел да ги потсети соствениците на миленици додека ги шетаат да не го оставаат нивниот измет сред тротоар, до клупа, или на зелена површина.
Според сведоштво на една скопјанка, знакот е поставен во близина на една берберница, каде на газдата веќе му било смачено секојдневно да чисти измет од туѓи миленици. Го поставил со надеж дека соседите ќе имаат разбирање.
Состојбата со хигиената во Центар не е на завидно ниво, се жалат скопјани.
- Центар никогаш не бил волку валкан, измет од миленици има на секој чекор од несовесните сопственици, споделува скопјанка.
Друга вели дека бидејќи нема канти за отпадоци, изметот од милениците го носи дури до дома.
- Колку неодговорни луѓе има не ми се верува. Јас ако немам ќесичка со лист од дрво го сибирам или со некоја хартија од некој "одговорен" што ја фрлил. Срам ми е од сам себе ако го оставам, коментира на фејсбук друг скопјанец.