Дали знаеш што се случува во мене кога некој ќе те спомне?

Дали знаеш
што се случува во мене
кога ќе те спомнат,
кога ќе прашаат за тебе,
кога ќе кажат како бевме
симбол на љубовта
олицетворени на неминливоста
како секој наш чекор беше
мост кој спојува
и камен кој гради?

Дали знаеш колку омраза и гадење
стру низ моите вени
и посакувам да опцујам.

По ѓаволите,
да те посакувам повеќе,
да почекам повторно,
да дочекам да дојдеш подобар?

Дали знаеш колку боички ми беа потребни
за сивилото од мокрите тротоари
во мојата глава
да го обојам во боите на виножитото
кои повторно знаат да простат?

Дали знаеш
дека те обожавам и презирам
и колнам и сакам
и повторно паѓам
пред сликата за тебе
која ја правам од скиците на минатото?

Од облаците ги извлекувам
најсуровите зборови и најтоплите зраци.
Да те облечам во песна,
да те заробам во бескрај,
повторно да те љубам,
како никогаш да не си ме предал...

Знаеш ли
колку нечисто и предадено се чувствувам
кога ќе го чујам твоето име
и кога ќе се сетам на тишината
која тактички ја расипа
со звукот на заминување
кога најмногу ми требаше
како нешто
без кое не може да се живее?

Знаеш ли како изиграно се чувствувам
додека мислам на тебе додека сум во кафана
и кажувам како сѐ било
само лош сон...
Лош сон кој малку се одолговлекуваше.

Нема соодветен пристап
да ја ублажи мојата болка,
да ја облече во реченица
која совршено ќе одговара
на она што се случува во мене
додека зборувам за тебе.
Додека те сакам и презирам.
Чекам и оставам.
Преколнувам.
И го молам Бог да те чува.

Не знаеш.

 

  • Маја Бабовиќ