Дали жените се навистина толку комплицирани?

Умеете ли да комуницирате со својот партнер? Ако имате чувство дека тој вас не ве разбира, можеби треба да размислите малку и за својот пристап во комуникацијата.

Сите знаеме дека клуч на успешна врска е комуникацијата. За жал, некои парови не знаат да комуницираат. Доколку мислите дека вашиот партнер не ве разбира, размислете, можеби вие него не го разбирате.

Еве некои од најчесто изговорените реченици од мажите, кои жените не ги разбираат:

Тој: Изгледаш уморно.

Таа: „Не изгледаш привлечно“

Од оваа изјава најчесто жените се навредуваат. Тие секогаш сакаат да изгледаат добро, а ова им укажува дека не се во својот полн сјај. 

Тој: Навистина си ослабела.

Таа: Беше „дебела“.

За жена која работела на својот изглед и успеала да истопи малку повеќе килограми, оваа изјава исто така ја доживува како навреда.

Тој: Изгледаш одлично за својата возраст

Таа: „Изгледаш одлично, со оглед на твоите години“

За жените годините се забранета тема, без разлика дали станува збор за комплимент или шега.

Тој: Што имаш направено со косата?

Таа: „Фризурата ти е грозна“

Коментарите како “изгледаш поразлично“ или “нешто си променила“ никогаш не се добредојдени.

Тој: Навистина немам време за разговор во моментов.

Таа: „Имам попаметна работа, наместо да го слушам твоето брборење“

Секогаш постои многу подобро решение кога е во прашање разговор. На пример, „ќе те побарам штом завршам“ е многу подобар изговор.