Дали здравата храна е тренд или потреба?

Голем дел од луѓето во последно време почнуваат повеќе да се грижат за своето здравје и се трудат да конзумираат повеќе здрави состојки. Но, дали е тоа само тренд кој мошне брзо ќе помине или пак потреба?

Здравите навики се за пофалба, без оглед на тоа дали една личност ги применува поради тренд или потреба. Голем дел од луѓето здравиот начин на живот го поврзуваат со слабеење и намалување на килограмите, но тоа е погрешно. Често, дури и по цена на здравјето пробуваме различни трикови за слабеење, дури и тоа да се чудни производи.

Заборавете на строгите диети

Дали некогаш сте си ускратиле одредена храна? И, уште поважно :  колку долго сте издржале пред да почнете да ја конзумирате повторно? Со постојаното ограничување, само го мачите своето тело и го спречувате да ги извршува нормалните функции. Сето тоа, ви одзема многу енергија и на крајот сте многу исцрпени. Во таквата борба, вашето тело се мачи и ви покажува дека организмот не може да го исцрпи таквото мачење.

Воведете баланс

Никој не ве тера целиот ден да го поминете конзумирајќи црн ориз и брокула. Тоа не е правилна здрава исхрана. Здравата исхрана подразбира постепено преземање чекори за намалување на шеќерот, белото брашно, рафинираните производи и преработените намирници. Таквите мали промени ќе ви донесат многу енергија, подобар сон, квалитетен живот и секој следен чекор и промена ќе бидат полесни.

Воспоставете баланс во исхраната

Храната треба да вклучува:

  • Добар извор на белковини кои се особено важни ако вежбате (јајца, свежо сирење, месо и мешункасти плодови)
  • Добар извор на јагленохидрати (интегрални житарки, сладок компир, овошје)
  • Добар извор на маснотии (маслиново и кокосово масло, јаткасти плодови)

Здравата исхрана не значи истоштување на телото, туку баланс. Не можеме целосно да живееме со пица и чоколада, но не можеме и постојано да ги конзумираме истите.

Вежбајте

Како луѓе, создадени сме да ги користиме  нашето тело и мускули, а често нашата работа вклучува седење во текот на целиот ден. Најважно е да применувате физичка активност неколку пати во текот на неделата.