Дали заслужува уште еден мандат? Повеќе рушеше отколку што градеше, велат дел скопјани за Шилегов

Во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат претстојната есен, политичките партии, нивните кандидати за градоначалници, активисти и симпатизери, на големо, се мобилизирани во предизборната кампања.

Како по обичај, кандидатите кои се кандидирани за уште еден мандат, ја бараат довербата на тој начин што засилено се афирмира и промовира она што е сработено, но уште повеќе се става акцент на ветувањата за идните планирани активности.

Граѓаните се најверодостојниот судија за сработеното. Тие проценуваат што е ветено, а останало нереализирано.Затоа, како што велат, дел од досегашните кандидати ќе бидат казнети со пораз на изборите.

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, кој на функцијата е од 2017.година, ја доби поддршката од матичната партија СДСМ за уште еден мандат.

Мислењата и ставовите на скопјани се поделени, затоа ние поставивме конкретно прашање - „Дали градоначалникот Петре Шилегов заслужува уште еден мандат?“.

Поголемиот дел од одговорите се дека Шилегов не заслужува уште еден мандат.

Повеќето граѓани велат не направил ништо за градот, освен што, како што велат, се ангажирал за рушење на спомениците од проектот „Скопје 2014“ и поставување на асфалт.

„Шилегов повеќе рушеше отколку што градеше за Скопје. Затоа треба да си замине“

„Комплетно не заинтересиран за Скопје, затоа не треба да му се довери втор мандат“

Дел од граѓаните реагираат и на повисоките давачки.

„Пред да дојде Шилегов плаќав данок на имот 750 денари, сега плаќам 1500“

„Ако си потрошил 10, плаќаш 15 кубика вода“

Од над 300 одговори од граѓаните, на една рака може да се избројат потврдните одговори на прашањето дали Шилегов заслужува уште еден мандат.