Дали во Аеродром, кај Воен базен, ќе се исечат и јавори стари половина век?

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“  и претходната недела алармираа дека надлежните планираат сечење на голема количина на зеленило во скопски Аеродром.  

-Сакаат да исечат стотина дрвја во Аеродром меѓу кои и јавори стари пола век кај Воениот базен и да ја претворат улицата Васко Карангелески во писта, реагираат загрижени граѓани и екоактивисти. 

-Нашите животи и животите на децата се ставени во опасност бидејќи просторот кој до сега беше безбедно шеталиште со дрвја ќе стане улица по која ќе шибаат коли и дополнително ќе го загадуваат воздухот. На 50 метри од улицата е Основното училиште В.С. Бато каде што и јас учев. Деца нема да може безбедно да одат и да се враќаат од настава. Нема да го дозволиме ова касапење на дрвја и бетонизација на нашите животи, пишува Марјан Калевски од ЗХГ. 

Дел од активистите се надеваат дека Аеродромци ќе реагираат навремени, па дури и со организирање на протест против сеча на зеленилото.