Дали викендов не очекува сонце?-еве какво време ќе имаме

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во централните делови од земјата. Наутро постудено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер поинтензивен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне. Ќе дува умерен северен ветер.

Темпераурата ќе се движи од пет до 15 степени.

Следува период на стабилно и суво време, утрата ќе бидат релативно студени, а дневната температура во деновите на викендот постепено ќе расте и во деновите потоа ќе се задржи во интервал претежно од 15 до 20 степени.