Дали ви е потребен тој товар?

Еден ученик го прашал својот учител:
„Вие сте толку мудри, секогаш добро расположени, никогаш не се лутите. Помогнете ми и јас да станам таков.“

Учителот прифатил и го замолил својот ученик да донесе компир и една вреќа.

„Кога некому ќе се налутиш и навредиш“, рекол учителот, „земи еден компир, напиши го името на човекот со кого си се скарал, а потоа стави го компирот во вреќата.“

Ученикот изненадено рекол: „И тоа е сѐ?“

„Не“, одговорил учителот, „потребно е секогаш со себе да ја носиш таа вреќа и секојпат кога ќе се почувствуваш навредено, во неа да ставиш компир.“

Ученикот се согласил. Поминало некое време. Вреќата се полнела со компир и станала тешка. Веќе било незгодно постојано да ја носи со себе. Освен тоа, компирите почнале да се расипуваат. Некои се истуриле и почнале да шират непријатен мирис.

Ученикот дошол кај учителот и рекол:

„Невозможно е ова да го носам со себе. Вреќата е претешка, компирите се расипаа.“

Учителот рекол:

„Е па истото тоа се случува и во твојата душа. Кога некому ќе се налутиш, навредиш, во твојата душа се создава тежок товар, иако не го забележуваш тоа во истиот миг.

Потоа, товарот станува сѐ потежок.

Постапките се претвораат во навики, а навиките во карактер кој создава пороци кои те уништуваат.

И лесно би го заборавиле тој товар за да не стане претежок, доколку постојано би го носеле со себе.

Ти дадов можност да го набљудуваш целиот тој процес од страна.

Секојпат кога ќе одлучиш да се скараш, навредиш или нанесеш зло, размисли дали ти е потребен тој товар.“