Дали вашата врска има потенцијал да се претвори во брак?

Универзитетскиот професор Брајан Оголски, од Илиноис, спровел истражување, во кое учествувале 400 млади не венчани парови. Благодарение на ова истражување успеал да ги вметне паровите во 4 категории.

Од овие четири понудени типови на врска, само еден од нив има големи шанси да заврши со брак.

Пар кој е склон кон драми
Тие малку време поминуваат заедно, а имаат најмногу подеми и падови. Според студијата, тие ги сочинуваат 34 отсто од паровите.

Конфликтни парови
Тие многу често се караат, и ако, се земе во целост, тие имаат стабилна врска. Но, сепак поради големите и пречести караници, постои голема шанса дека тие на крајот сепак да раскинат.

"Модерни" парови
Тука станува збор за парови кои се целосно зависни од модерните начини на комуникација, се разбира тоа се однесува само кога не се еден покрај друг. Оваа студија покажува дека кај овие парови, социјалните мрежи можат негативно да влијаат на нивната љубов.

Пар кој е фокусиран еден на друг
Тие секогаш својот партнер го ставаат на прво место на листата на приоритети. Можеби не се гледаат поприлично често, но тие си се секогаш еден на друг најважни. Овој пар најверојатно ќе заврши со брак.