Дали уште живееш во минатото или ја одложуваш сегашноста поради она што ќе дојде во иднината?

Колку пати сте ги залажувале другите, велејќи им дека сте продолжиле понатаму. Колку пати сте се лажеле себеси уверувајќи се дека живеете со полни гради, со километри оддалечени од она што ви ја раскинувало кожата? Зошто сте се уверувале дека живеете, а всушност само сте постоеле? Зошто сте чекале и зошто чекате да го направите тој исчекор и да се тргнете од минатото?

Често копнееме по утеха и по она познато чувство и со мислите и душата одлетуваме во минатото. Одлетуваме во она наше „вчера“, кое можеби не ни било доволно добро, но повторно решаваме да го гледаме како најдоброто нешто што ни се случило. Како нешто што одамна сме го изгубиле и сега сме мизерни и никакви, затоа што сметаме дека не можеме да направиме, ниту пак да почувствуваме нешто подобро.

Тогаш ги исклучуваме сите светла, губиме допир со реалноста, се претвораме во подвижни зомбија и празни корупки. Физички постоиме во сегашниот момент, но емоционално и психички сме останале некаде таму далеку во минатото. Таму каде што душата поминувала низ првите големи и фатални лекции, кога се разделувала од впечатливи луѓе или започнувала кармички односи. Таму ја наоѓаме нашата утеха. Мислиме дека тогаш сме биле поспособни, посреќни и подобри, посилни и поотворени кон светот. Мислиме дека ако ги вратиме тие места и луѓе, ќе го запреме времето и ќе се вратиме себеси, онакви какви што сме биле.

Тогаш сме живееле онака вистински. Затоа што сме морале да пројдеме низ нешто толки впечатливо и силно за да ги научиме најголемите лекции. Сме морале да го напуштиме и познатото и непознатото за да ја создадеме личноста која сме денес. И наместо да го гледаме минатото со благодарност во очите, ние го гледаме со копнеж и болка. Затоа што не сме повеќе таму. Не сме безгрижни, стануваме затворени и изолирани од сите, не знаеме како да се изразиме, нѐ мачат многу работи и се враќаме на старото.

Но, сфаќате ли дека така си го губиме животто? Сфаќате ли дека таму не постои ништо друго освен спомени и заробена верзија од тоа какви сте биле некогаш? Дали сфаќате дека сѐ морало и требало да биде вака за денес да живеете слободни и да научите да се борите за себе?

Не знам дали е потешко да живееме со фактот дека „вчера“ нема никогаш повторно да се случи, да го воздигнуваме она што некогаш сме биле, наместо да ги цениме битките кои сме ги поминале и да се бодриме себеси денес и во сегашниот момент и да се поттикнуваме да продолжиме понатаму. Не знам дали е потешко да се биде со главата во облаци, да се живее во светот на минатото или да се живее во иднината?

Кој ќе биде виновен кон со грижење за иднината ќе го привлечеш сѐ она од кое си се плашел? Кога деновите ќе ти бидат обоени со сива нијанса, а препреки ќе ти стојат на секој агол?

Имате многу малку доверба во животот, уште помалку во себе. Мислите дека можете да контролирате сѐ што ви се случува, за да си ја осигурате својата сегашност и иднина. Но, заборавате дека единствено можете да се контролирате себеси. Да ги контролирате своите чувства и уверувања, она што им го давате на другото и да реагирате исправно на сѐ она што го добивате од животот.

Премногу години трошиме во обиди да го сфатиме животот и иднината, како и да го поправиме она што не може да се поправи. А и не сте тука за да поправате работи кои веќе сте ги прошле. Тие лекции служеле за да го спознаете она што доаѓа, за да научите што е добро, а што е лошо за вас, за да не се изгорите повторно од истиот оган. И кога следниот пат ќе ги погледнете своите рани, ќе бидете среќни што сте се извлекле, затоа што сте подобри и посилни.

Дали навистина сакате да го сфатите животот со тоа што набрзина ќе пројдете низ она што допрво треба да дојде само за да го видите својот крај? Дали треба да видите како ќе заврши сѐ или исполнето да живеете? Извинете, но мислам дека поважно е како ќе живеете и колку ќе дадете. Животот е она што се случува сега, токму во овој момент. Вчера и утре се само записи за она што било или што може да биде. Вие сте создавачот на својата реалност, а со тоа и на својата иднина.

Дури кога ќе сфатите дека од поправање и минатото немате ништо, а не добивате ништо ниту од стравот, ќе можете да живеете лишени од сомнежи и болка. Не се пропуштајте себеси, не ги пропуштајте другите луѓе и можностите во животот со тоа што ќе ја негирате сегашноста. Таа е најважна. Во неа ги проживувате сите чувства, лекции и копнежи за она што сакате да бидете.

Деновите нека ви бидат исполнети со смеење, среќа и позитивни и храбри мисли. И да имате помалку грижи и копнежи за она што повеќе го нема. Фокусирајте се на она што го имате и бидете благодарни за сѐ она низ коешто сте прошле. Бидете среќни, тоа ви го посакувам од дното на душата. Ама не вчера, туку денес, за конечно да можете и утре да бидете среќни.