Дали унгарската “4iG Групација” ќе биде третиот мобилен оператор во Македонија?

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски за време на неговата посета на Будимпешта, Угарија се сретна со Гелерт Жасзаи, претседател на “4iG Групацијата”. Претседателот на “4iG Групацијата” изрази силен интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија.

„Веруваме дека воспоставеното искуство на “4iG Групацијата” во телекомуникациската индустрија, комбиниранo со нејзината стручност во регионални рамки, може ефикасно да се искористи и на македонскиот пазар. Оваа иницијатива ветува значителни придобивки за двете страни, а може да биде поволна особено за граѓаните на Македонија, бидејќи и Македонија и 4iG Групацијата делат заедничка визија за поврзано и дигитално напредно општество“, истакна Николоски.

Претседателот на “4iG Групацијата” изрази интерес за соработка во проекти во комуникациска инфраструктура, истакнувајќи ги потенцијалните инвестиции во најсовремени технологии за подобрување на поврзаноста меѓу урбаните и руралните средини во Македонија. Оваа иницијатива има за цел да го подобри искуството на клиентите, да промовира одржливост, да создаде нови можности за работа и да го стимулира економскиот раст.

„Имаме волја да придонесеме за развојот на телекомуникациски сектор во Македoнија и да поттикнеме позитивни промени преку технологијата. Во однос на нашата амбиција за влез на македонскиот телекомуникациски пазар, во следните неколку недели ќе ја започнеме соработката со Владата на Македонија и нашата посветеност за овој процес да го формализираме во детали“ – кажа Гелерт Жазсаи, претседател на „4iG Групацијата“

„4iG Групацијат“а е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE