Дали треба да се изучува сексуалното образование во училишните клупи?

Дали треба да се изучува сексуалното образование во училишните клупи? Треба ли предметот да биде изборен или редовен? Кој ќе ги држи часовите, а кој ќе го напише учебникот? Која возраст кај децата е најсоодветна за тие да се запознаат со предметот и какви соддржини ќе учат?

Ова се само дел од дилемите кои ја брануваат јавноста, откако Министерството за образование и наука најави дека сексулното образование влегува во основните училишта како изборен предмет. Токму ова беше доволна причина, на социјалните мрежи да се прошират информации за контроверзни содржини кои би ги изучувале децата уште од второ оделение. Министерката за образование и наука е децидна дека предметот ќе биде изборен и тоа во 9то одедение. Апелира родителите да не подлегнуваат на лажни вести.

Поддржувачите на реформата велат дека на овој начин ќе се зголеми информираноста кај младите за тоа какви  форми на насилство постојат и кога треба да побараат помош.

Од друга страна пак, голем дел од јавноста има дилеми како ќе се имплементира овој концепт. Велат нејасно е ниту кој ќе го предава предметот, ниту по кој учебник ќе учат децата.

Во меѓувреме 93 граѓански здруженија ја поздравија одлуката на министерството, сексуалното образование да биде дел од училишната настава. Од МОН велат, воведувањето на овој предмет, го оправдува со ставот дека ќе се намалат родови стереотипи, нееднаквост, дискриминација и насилство.