Дали треба да му дадете шанса?

Запознавате симпатичен дечко. Почнува онаа стандардна игра на флерт. Почнуваат да се раѓаат љубовни искри. Но, одеднаш ви се појавуваат сите бивши врски, неуспешни обиди, скршени срца и се прашувате дали вреди. Дали треба да се обидам пак?

Дали да му дадам шанса?

И овие двоумења најчесто придонесуваат врските да се распаднат уште пред да почнат,  а во суштина работите се многу едноставни. Доколку си ги одговорите овие едноставни прашања и на нив имате позитивен одговор, значи дека време е да дозволите љубовта да ви влезе во животот.

Дали поради него имате насмевка на лицето?

Понекогаш навистина е толку едноставно. Кога мислите на него, кога го гледате, кога ве гледа и ви се смешка, дали тоа ви предизвикува насмевка во истиот миг? Кога сте имале долг ден и кога правите планови да се видите со него, дали едноставно лицето ви блеснува самото од себе? Дали сте среќни со самото тоа што го имате во вашиот живот?

Дали добро се однесува со вас?

Кавалер се препознава од километар. И ќе знаете дека е кавалер според односот, според почитта и љубовта која ја покажува кон вас. Добриот дечко секогаш ќе ги има предвид вашите чувства, ќе сака да знае дали сте добро, дали ви треба нешто и слично. Особено во раните фази од врската, тој ќе направи се за да ви биде удобно и да ви покаже дека сте го освоиле и дека заслужувате почит. Незрел дечко ќе се обиде да ве заведе, да ве натера да правите работи за кои не сте подготвени или ќе игра играчки со вас. Вистинскиот маж на кој треба да му дадете шанса е мажот кој ве третира со почит уште од првиот ден.

Дали ве слуша?

Ова делува како мала работа, но во суштина е многу значајна. Кога зборувате, дали ве гледа во очи и дали ви обрнува внимание? Или гледа наоколу, зјапа во други жени, гледа во телефонот? Дечкото кому треба да дадете шанса е дечкото кој ви покажува дека ја заслужува. Тој е дечкото кој се фокусира на вас, памети што сте му кажале, се интересира за деталите од вашиот живот. Маж кој слуша е маж кој се грижи – секогаш имајте го тоа на ум.

Дали е духовит и дали се смеете со него?

Секогаш треба да му дадете шанса на маж кој прави да се смеете. Овој маж знае дека најдобрата ваша верзија е кога сте среќни и ќе направи се што е во негова можност да ве насмее. Тој е маж кој сака да уживате кога сте со него и да се смеете, па зошто не би му дале шанса на таков човек?

Дали покрај него можете да бидете тоа што сте?

Дали можете да седите покрај него со бушава коса, без шминка? Дали можете да се смеете на цел глас и да играте пред него како мало дете? Дали тој прави да се чувствувате комплетно удобно во ваша кожа и дали прави да заборавите да мислите како треба да се однесувате? Тогаш тој дефинитивно го заслужува вашето време!

Дали со него чувствувате работи кои никогаш претходно не сте ги почувствувале?

Ова може и тешко да си го признаете. Се борите со тоа, затоа што е страшно. Затоа што не сте баш сигурни дали да му дозволите да ви се приближи. Но, знаете дека се лажете самите себе. Затоа што ви треперат колената кога и да ве допре или прави да ви забрзува срцебиењето кога ќе видите порака од него. Сфаќате дека сакате да поминувате време со него, да го запознаете подобро, да бидете поблиску до него? И вие, драги мои, треба да престанете да се грижите и да се опуштите.