На ова прашање не постои точен или погрешен одговор. Сексот и љубовта можат да бидат две различни работи и тоа искуство се разликува од човек до човек. За да го решиме овој горчлив „проблем“ ви нудиме објаснувања и одговори на прашањето дали треба да чувствуваме љубов за да уживаме во сексот?
Длабоко во секој од нас е врежано мислењето дека сексот е најдобар кога имаме емоции кон партнерот, односно дека без тие емоции сексот е полош. Меѓутоа, тоа не се однесува на сѐ. Во сексот може да се ужива без чувство на љубов и длабоки емоции, а за некои луѓе сексот може да биде дури и извор на љубов и на емоционална поврзаност. Една од причините зошто луѓето мислат дека љубовта е неопходна за добар секс е бидејќи сексот може да биде интимно и ранливо искуство.
Чувството на љубов има емоционална корист
Ако сте вљубени во личноста со која имате секс, тоа е супер затоа што има многу придобивки, посебно емотивни. Кога двајца луѓе се вљубени, можеби ќе бидат поподготвени да се отворат и да ги споделат меѓусебните желби и граници, што може да го подобри сексуалното искуство за двајцата. Љубовта, исто така, дава чувство на сигурност и доверба, што е од особена важност за оние кои доживеале траума или непријатност од минатите сексуални искуства. Интимниот, промислен и несебичен чин на водење љубов може да роди силни емоции и чувства кои можат значајно да влијаат на умот, телото и душата на човекот. Тоа е многу повеќе од самиот физички чин. Се работи за правење простор во кој вашиот партнер може се чувствува исполнето. Ако вие и вашиот партнер сакате да се поврзете на повисоко ниво, физички и емотивно, постојат многу начини и секси играчки кои ќе ви овозможат да откривате нови начини за меѓусебно истражување на телата и за уживање.
Препуштете се на уживањето
Иако вљубеноста многу помага, таа не е секогаш потребна. За разлика од емотивниот секс со некој кој го сакате, „само“ сексот е исполнет со желба и со страст. Може да уживате во повремен секс без чувства или емоционална врска. Во секој случај, сексот е врзан со движења, време, емоции, привлечност и уште многу други работи. Не исполнува со возбуда, радост и уживање. Некои луѓе може да имаат исполнет и удобен сексуален живот без никакви обврски или потреба за создавање длабоки емоционални врски. Ова посебно важи за оние кои се задоволни со својата сексуалност и се способни да ги изразат своите граници и желби. Може да имате секс со кој сакате, не е нужно со некој кој го сакате. Не е срамота да ги исполнувате своите желби.
Заклучот е дека не постои еден одговор на прашањето дали треба да чувствуваме љубов за да уживаме во сексот. Некои луѓе можеби мислат дека треба да бидат вљубени за да уживаат во сексот, додека други сметаат дека љубовта и сексот се различни и дека можат да уживаат во сексот без разлика на се. На крајот, најважно е да се чувствувате пријатно, сигурно и да имате потполен пристап до партнерот. Без разлика дали чувствувате пеперутки во стомакот или „долу“, опуштете се и уживајте.