Дали традицијата ќе стане луксуз на трпезата?

Додека цените скокаат се повисоко, колку ќе биде цената на пиперката во септември-месецот на ајварот? Дали традицијата ќе стане луксуз на трпезата?

За нас како народ ајварот е симбол на зима, на дружење и вкус кој никогаш не се заборава, но дали оваа зима семејствата ќе се откажат од традицијата?

Нормално, за да се добие една голема тегла ајвар се трошат 2 килограми пиперки, што значи дека ако едно семејство сака да произведе 20 тегли ајвар, нив ќе им бидат потребни 40 килограми пиперки. Дополнително на ова, за да се направи совршен ајвар со прекрасен вкус и текстура потребно е масло, чија цена е во дисбаланс, а потребни се и други состојки за ајварот да биде фантазија.

Моментално, пиперките за ајвар се веќе достапни на некои пазари и нивната цена е од 40 до 45 денари за килограм. Што значи дека за една тегла ајвар, само за пиперки, едно семејство треба да плати 80 денари.

Па со овие цени и моменталната економска криза, и сегашната синдикална кошничка, неизбежно е секое семејство да ја донесе пресудната одлука: Може ли да се преживее една зима без ајвар?