Дали сте за овој закон во Македонија? – За чување внуче, плата за баба!

Дали бабите и дедовците треба да земаат плата за чување  на внуците? Во Македонија многу родители се одлучуваат своите деца да не ги испраќаат го градинка, туку да ги чуваат баба и дедо. Вака е и во други странски земји, но таму има иницијатива да се воведе плата за тоа.

Иницијатива која во Бугарија вроди со плод па таму властите од 1 јануари 2009 воведоа плата за бабите и за дедовците кои ги чуваат своите внуци. Оваа мерка била донесена за подобрување на наталитетот, кој е најнизок меѓу земјите на ЕУ.

Бабите или дедовците кои ги чуваат своите внуци ќе можат да примаат додатна сума на ниво на минимална плата од 240 лева или 120 евра, според амандман од Законот за поттикнување на вработувањето.

Такво нешто има и Романија која имаше иницијативен закон со кој се предвидува можност бабата и дедото на дете, кое има две или три години, да добиваат месечен паричен надомест за грижа на внучето, додека родителите му се на работа Паричната помош е во износ од една минимална плата во земјата. Полска е со сличен пример, исто така и Турција

И Во Британија бабите и дедовците бараа плата!Ба­ра­ње­то, насловено како “Насоки во грижата за семејството”, е дело на ху­ма­ни­тар­на­та организација “Грендпеарентс плејс”, зад која стојат над 300.000 ба­би и дедовци кои редовно ги чуваат и се грижат за нивните внуци. Из­веш­та­јот апелира до министрите да им дозволат на бабите да примаат дет­ски додаток, кој во моментот е во висина до 300 фунти неделно, до­кол­ку им помагаат на родителите да се вратат на работа. Според актуелните за­кон­ски норми, детски додаток можат да добиваат само родителите чии де­ца­та одат во градинка или ги чуваат регистрирани детски негувателки.

Градинките некаде се преполни децата пречесто се разболуваат мајките се помалку се одлучуваат на второ а камо ли трето дете. Имаат изговор нема кој да го чува! Законите во споменатите земји се со цел зголемување на натилитетот.

Што мислите дали е добра идејата на бабите  и дедовците во Македонија да им се дава плата од државата?

Сепак не постои личност во која имате поголема доверба од вашиот родител за  да  го оставите детето!

Дали сте за?