Дали сте во врска со емоционален манипулатор?!

Дали постојано се извинувате за нешто, а вие сте повредени? Ги намалува ли вашиот партнер чувствата како да не се еднакви на неговите?

Ако вашиот одговор е потврден, многу е веројатно дека сте во нездрава врска со т.н. емоционален манипулатор и само е прашање на време кога ќе останете со скршено срце. Емоционалните манипулатори ги искористуваат вашите слабости и се користат со ваш речник во постигнувањето на своите цели - и токму кога ви е доста од с` и размислувате за разделба, тој ќе се извини со ветување дека с` ќе се смени. Прочитајте шест јасни знаци кои укажуваат дека сте во лоша врска од која поскоро треба да побегнете.

Ги минимизира ли партнерот вашите чувства?
Емоционалните манипулатори се грижат само за своите чувства и потреби. Ако им се доверите дека од некоја причина се чувствувате лошо, ќе ве замолчат со објаснување дека сте смешни и дека претерувате. Страшното е што се убедливи и с` им верувате. Тие никогаш не се извинуваат, напротив, вие сте секогаш виновни за с`. Ако се најдете во ситуација да ги преиспитате сопствените чувства и се плашите дека претерано реагирате или сте пречувствителни, време е да тргнете понатаму.

Ве спушта ли на земја? 
Додека сте надвор со друштво, не се притеснува да ве навреди или да ве исмејува поради вашата трапавост. Емоционалниот манипулатор едвај ја чека вашата грешка или пропуст за тоа да ви го набие на нос. Но тој тоа го прави толку незабележително што с` всушност изгледа како безизлезна шега, а вие длабоко во себе страдате и се чувствувате посрамотено. Нештата може да станат уште полоши ако сте навикнале на таков третман во своето семејство, па не сте ни свесни дека сте жртва на манипулатор. Затоа е важно да се информирате за тоа што е во ред, а што не, бидејќи таквото однесување не смее да се третира како нормално. Ако продолжи партнерот да ве омаловажува и откако ќе му покажете колку ве болат неговите зборови, треба да излезете од таква врска што поскоро.

Ве смета ли за одговорни за своето лошо однесување?
Емоционалниот манипулатор никогаш не презема одговорност за своите лоши постапки. Што и да направил, ќе најде начин да ве обвини за својата агресивност, но и лутина. На пример, ако вика на вас додека ве испрашува дали сте ги платиле сметките, тоа ќе го оправда со зборовите дека знаете дека е под стрес поради работата и дека за тоа е нервозен. Запомнете дека овој тип луѓе што и да направат лошо, со неверојатна леснотија ќе ја избегнат вината.

Одбива да ви даде објаснување? 
На прашањето зошто е лошо расположен, одговара дека вие тоа и онака не би го разбрале. На тој начин суптилно ја доведува во прашање вашата интелигенција бидејќи, всушност, нема волја со вас нормално да разговара. За да биде работата полоша, ако не се повлечете веднаш по таква изјава, ќе се налути на вас бидејќи не му давате простор.

Нему секогаш му е полошо
Ако се пожалите дека сте имале лош ден на работа, тој секогаш има готов одговор - неговиот ден бил полош. Емоционалниот манипулатор се грижи само за себе и не му паѓа на памет да ве утеши ако се чувствувате лошо. Вашите чувства се уште еднаш повредени и ќе чувствувате вина што воопшто сте се обиделе да разговарате.

Се менува единствено кога на вас ви е доста од сè?
Тие знаат да почувствуваат дека вашето трпение е при крај и оти размислувате да ја прекинете врската. Тогаш стануваат неверојатно драги и шармантни, дури и се извинуваат поради сето зло што ви го нанеле. Но, кога еднаш кога ќе ве придобијат, многу брзо с` се враќа на старо. Бегајте без да се свртите бидејќи вашиот емоционален манипулатор до темел ќе ве уништи. Верувајте во себе и работете на својата самодоверба. Негувајте си го внатрешниот мир и бидете секогаш неутрални.