Дали се потребни камери во градинките?

Не стивнува згрозувањето и бесот од објавувањето од снимките од градинката „Замок“ во белградската населба Вождовац на кои се гледа како воспитувачка држи дете на под и грубо со двете раце го крева во воздух, на сила му става цуцла во уста, извлекува деца од шпајз во кој се затворени, вика на нив додека тие плачат и уште многу нешта.

Како што се дознава инспекцијата влегла го градинката, да го испита случајот, но набрзо ја прекинала постапката, бидејќи на директорот на градинката му се слошило. Со оглед на тоа дека се работи за физичко насилство, и полицијата излегла на терен.

Родителите тврдат дека децата се малтретирани, тие се враќаат дома истрауматизирани, а наутро, буквално преплашени, молат да не ги водат таму. Токму масовното одбивање на децата да одат во градинка, ги натерало родителите да почнат да испитуваат што се случува во градинката.

Дали видеонадзорот во градинките е уште еден луксуз на родителите или реална потреба на современото живеење?

Откако во јавноста излегоа неколку немили настани од страна на наставничките и негувателките, родителите се побунија и дел од нив побараа на камера да си го гледаат своето дете додека е во градинка.

Родителите се со поделени мислења во врска со оваа тема. Некои сметаат дека е добро да има камери во градинките, бидејќи на тој начин ќе има поголема контрола врз вработените и нивниот однос кон децата. Други, пак, ја осудуваат оваа иницијатива, велејќи дека ова отвара можност за злоупотреба на снимките. Родителите и вработените во градинките потенцираат и на фактот дека вината за однесувањето на децата мора да се побара и кај самите родители.

-Јас сум за.Нека има камери во градинките. Ама да се нема пристап до нив освен ако има потреба. Мислам дека многу родители ќе го злоупотребуваат тоа. Никој не сака детето да му трпи насилство ама па сега и за една гребнатинка модрица не оди да се малтретираат негувателките. А се си мислам дека кај нас на тој начин ќе се злоупотребуваат тие снимки и родителите ќе станат напорни. На пример да има одредени правила во кој случај може да се бараат да се видат(како што беше случајот со едногодишното девојче,изгризаното)или приметуваш одредени промени во однесувањето на своето дете.

-Против. Родителите од пуста желба за контрола не може да ги согледаат штетните последици кои би произлегле од ваквиот потег. Интимата на детето изложена на тацна. Дури и да не се стримува видеото, туку да се снима и да се чуваат снимките, повоторно некој би бил задолжен за одржување, чување, бришење итн. на снимките. А јас не сакам било кој да може да го гледа моето дете како јаде, оди во тоалет, спие... Не сакам неговото секојдневие да го споделувам со било кој. Јас би ги прашала родителите кои се за снимање дали би дозволиле камери во нивната спална соба? Оти исто му се фаќа. И не, воопшто не е исто снимање возрасни луѓе на работа и снимање на деца.

-Прво сум да има повеќе градинки, и повеќе негователки/воспитувачки. Да не мора врски да се фаќаат уште дури не ти е родено детето, и да не бидат една на 30 деца. Е, кога тоа ќе го средат, може да се разговара за камери. Ставија луѓе во администрација, по двајца на едно работно место, а ваму недостиг на персонал во градинките.  Секогаш кај нас обратно се решаваат проблемите, затоа никогаш не е ништо решено. А за камери ко камери, не сум против, ама џабе додека не се реши другиот проблем.