Дали се плашите да и дадете шанса на љубовта?

Посакувате да кажете дека љубовта е едноставна работа за вас. Но, не е. Напротив, комплицирана е. Многу комплицирана. Доколку се пронајдете во овие неколку реченици, значи дека се плашите да и дадете шанса на љубовта.

Вашите пријатели се прашуваат зошто сте сами. Убави сте и паметни, велат. Би требало да можете да излезете на состанок. Но, тие не знаат што се случува под површината и знаете дека многумина не би ни разбрале.

Ви треба време да се отворите. И тоа многу време... затоа што ако веќе и давате шанса на љубвта, тие мора да бидат личност на која безусловно ќе и верувате.

Имате срце од мраз. Или со други зборови, вашето срце е опколено со мраз, без планови да омекне во брзо време. Вие сте се обиделе да се отворите, но толку многу ве имаат повредено, што едноставно не сте подготвени да се отворите пак.

Вашето минато е тешко... а тоа е причината поради која ви е тешко да се отворите. Вие не знаете дали луѓето сакаат да знаат за вашето тешко минато. Сфаќате дека е во ред да кажете што ви лежи на душа, но не сакате да ги замарате луѓето.

Се повлекувате кога ќе се налутите. Не можете да го поднесете напливот на чувства кога сте чувствителни. И затоа ги поттиснувате. Многу е полесно да премолчите, отколку да поминете низ болката да зборувате за тоа.  Тоа може да биде премногу за вас кои едноставно не сте најдобри во искажувањето чувства.

Секогаш сте полни со сомнежи кога станува збор за љубовта. Сакате да бидете оптимисти кога станува збор за љубовта, но секогаш се враќате назад на стариот, добар цинизам.

Лесно ви е да се оддалечите... затоа што ви е тешко да останете поврзани со другите кога секогаш живеете во свој свет.

Смртно се плашите од напуштање, затоа што веќе сте го искусиле и тоа е најлошото чувство. Празнината и копнежот одат рака под рака и секогаш ве фрлаат во депресија. Секогаш се прашувате дали луѓето во вашиот живот ќе останат.

Тешко ви е да сакате, затоа што сте строги кон себеси. Секогаш се оценувате според тоа што го правите, а не според тоа кои сте вие. Начинот на кој се гледате себеси е истиот начин на кој се гледате себеси во другите.