Дали после изборите струјата ќе поскапи?

Регулаторна сѐ уште нема донесено одлука за тоа дали ќе има покачување на цената на струјата. На почетокот на овој месец сите енергетски компании побараа зголемување на цената на стујата, и ги доставија пресметките за нивните трошоци. Од регулаторна велат дека овој процес ќе се пролонгира во текот на следниот месец бидејќи се бараат дополнителни податоци од компаниите.

„Во комуникација сме со компаниите и бараме дополнителни податоци бидејќи ова е многу некарактеристична година, односно и во делот на потрошувачката имаме невообичаени пикови а исто така имаме и проблеми на нивните трошоци и начинот на кој се презентирани. Можеби и постапките да се продолжат и во текот на месец јули“, рече Марко Бислимовски- Претседател на регулаторна комисија.

Потрошувачката на електрична енергија оваа година би можела да биде помала за 2 до 3 проценти. Ова се должи на намалената потрошувачка од страна на индустријата и компаниите кои за корона кризата не работеа. Од регулаторна велат дека ќе ги земат в предвид трошоците на  енергетските компании, но врз основа на методологијата ќе ја формираат цената на елекктричната енергија.

Извор - Вечер