Дали понекогаш сте посакале да отидете некаде далеку, некаде каде што нема никој?

Дали понекогаш сте посакале да отидете некаде далеку, некаде каде што нема никој и каде би живееле потполно сами?

Ако одговорот е ДА, изгледа дека сте надпросечно интелигентни, барем според најновите истражувања.

До овој заклучок дошле истражувачите од Сингапур и Лондон, а главната идеја им била да ја најдат поврзаност помеѓу тоа каде луѓе живејат и колку се задоволни со својот живот.

Резултатите покажале нешто многу интересно: Колку е поголема интелигенцијата кај луѓето кои живејат во големи градови, толку е помала нивната среќа. Додека повеќето луѓе се посреќни и позадоволни кога се опркужени со пријатели, надпросечно интелигентните луѓе најдобро се чувствуваат кога се сами.

Зошто се случува ова?

Истражувачите велат дека се чувствуваме неудобно во поголеми заедници, затоа што нашиот мозок еволуциски се уште е прилагоден за работа во групи од максимум 150 луѓе. Тоа значи дека колку е попаметен човекот, толку е поголема неговата неудобност во големи групи.

Се поставува прашањето зошто повеќето луѓе најдобро се чувствуваат околу своите пријатели. Тоа е поради тоа што пријателството нѐ прави среќни, ја задоволува нашата потреба за љубов и приврзаност, ни дава чувство дека сме потребни и ни дава шанса да разменуваме искуства.

Тоа не значи дека интелигентните луѓе се несреќни со други луѓе, туку дека својот мир и спокој го наоѓаат и кога се сами. Така можат да проникнат во длабочините на својата душа и светот да го гледаат од друга перспектива, без постојано да трчаат и брзаат некаде.