Дали по 1948 година, Скопје за прв пат ќе добие жена градоначалник?

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, ќе биде првата жена градоначалник на Скопје по долги години, доколку освои победа во вториот круг од локалните избори 2021. Имено, последната жена на чело на градот Скопје ја имаше во далечната 1948 година кога градот го водеше Вера Ацева. Оттогаш до денес оваа функција редовно има припаѓа на мажи. 

Арсовска во вториот круг влегува со предност пред својот протикандидат, кој е актуелен градоначалник Петре Шилегов, а веќе во недела, на 31 октомври, ќе се знае кој ќе ја завземе позицијата - прв човек на метроплата,

-Мојата визија за Скопје е град кој ќе ја негува традицијата, а сепак и да гледа кон иднината. Скопје како еколошки чист град, без сообраќаен метеж, со квалитетна градска инфраструктура. Град каков што заслужуваат сите скопјани, со квалитетен спортски и културен живот. Град во кој вреди да се живее и со кој ќе се гордееме. За модерно и европско Скопје!, вели Арсовска во својата предизборна кампања. 

Taa e родена Скопјанка, сопруга и мајка. По професија правник со дополнителна едукација на Универзитетот Оксфорд и Шефилд, претседателка на Сојузот на стопански комори од 2014 година.

Од 2018 година е во раководната структура на Светската федерација на комори каде има 12.700 членови и е една од четирите жени кои се носители на таа функција во светот. 

Таа е дел од меѓународната мрежа на експерти во Г20 каде работи на креирањето на политиките за интегритет и усогласување на регулативата на најсилните економии во светот и е една од основачите на Македонската асоцијација на жени претприемачи.

Пред две години Арсовска беше избрана за член во Бордот на Глобалниот комитет на жени лидери предводен од Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела. Во овој комитет членуваат Колинда Грабар Китаровиќ – поранешната претседателка на Хрватска, Аменах Гуриб Фахим – поранешната претседателка на Маурициус, како и Мари Кристин Огли – претседателката на Светската асоцијација на жени претприемачи.

Од 2020 година, со согласност на Владата Арсовска е почесен конзул на Унгарија со седиште во Штип за да се зголеми соработката меѓу двете земји на економско ниво посебно во делот на источна Македонија.