Дали овие два објекта ќе бидат нови симболи на Скопје? (ГАЛЕРИЈА)

Париз ја има Ајфеловата кула, Њујорк - Статуата на слободата, Пиза - Кривата кула, Москва - Црвениот плоштад... Кое е најголемото обележје и симболот на Скопје?

Камени мост

Плоштад Македонија

Мајка Тереза

Калето

Старата скопска чаршија

Новите двокатни автобуси

Во тек е изградбата на Панорамското тркало на Вардар како и телекомуникациска кула на Водно.Овие два објекта може да ги додадеме во листата на новите атракции и симболи на нашата метропола.

Панорамското тркало

Изградбата на Панорамското тркало кое ќе никне на нов пешачки мост на Вардар се гради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Тркалото ќе биде високо 73 метри и на него ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан.Изградбата на новата атракција во главниот град ќе заврши во 2019 година.

Телекомуникациска кула на Водно

Антенскиот систем, што ќе биде изграден на врвот на Водно, всушност ќе претставува кула висока 155 метри со централно армиран бетонски столб на кој ќе бидат сместени четири конзолни платформи со површина од 180 до 200 метри квадратни. Ќе има и челично решеткаст столб, а на врвот антена.

Идејата е во објектот да се изгради ротирачки ресторан како и административни простории за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и за Министерството за внатрешни работи (МВР).

Едно е сигурно дека сликата за стариот изглед на градот за голем дел скопјани ќе остане само во нивното сеќавање, бидејќи нашата метропола добива комплетно нов лик.