Дали од септември поскапува струјата во Македонија?

Поскапува струјата од септември. За колку, се уште се преговара со енергетските компании. Сите пријавиле зголемени трошоци, а колку ќе им се признаат,  во петок ќе одлучи Регулаторната Комисија за енергетика. Корона кризата драстично ја намали потрошувачката на струја, не само кај нас, туку и во регионот, што негативно се одрази врз приходите на државните МЕПСО и ЕСМ.

Со тоа, според првиот човек на Регулаторна, доведено е во прашање нормалното функционирање на енергетските компании. Изјавата на Бислимовски ја наговестува корекцијата на цената на струјата нагоре.