Дали ни е потребна друга личност за да бидеме целосни?

Љубовта кон себе ни дава чувство дека имаме дом. Чувство на заштита и удобност во топло гнездо. Кога се сакаме себе тогаш можеме лесно да ги надминуваме неповолните околности и да ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме.

Мораме да ја надвладееме потреба да бидеме сакани. Да ја совладаме тежината од очајничката потрага по љубовта насекаде околу нас. Да трчаме за неа. Затоа што колку повеќе трчаме по неа, таа се повеќе ќе ни се извлекува и ќе бега од нас.

Досега ја баравме љубовта на погрешни места. Кај погрешни луѓе. Надвор од себе.

А сега е време да ја пронајдеме љубовта во нас. Онаму каде што отсекогаш и била. Само чекала да и обрнеме внимание. Да го тргнеме погледот од другите и да погледнеме во себе. Чекала да престанеме да ја бараме надвор од себе. Да сфатиме дека е во нас. Изворот на сета љубов која ни била потребна во текот на животот. За која сме копнееле. И во таа потрага своите копнежи сме ги проектирале врз другите. А тие биле само огледала кои ни покажувале што е она што останало неисцелено во нас.

Сега е време да престанеме да ја бараме својата „друга половина“ и безусловна љубов надвор од нас. Да спознаеме дека уште со нашето раѓање ние сме потполни и целосни. И дека не ни е потребен никој друг за да не направи целосни, туку доволно е да не прифати во целост. Баш онакви какви што сме. А за другите да не прифатат онакви какви што сме, најпрво мора самите да се прифатиме себеси. Несовршени, но прекрасни во својата несовршеност.

Затоа, пред се, да се запрашаме: Дали се имаме прифатено самите себе... во целост?

Дали безусловно се сакаме себеси?

Безусловна љубов значи дека те сакам и кога ќе згрешиш. Те сакам и кога не ме слушаш. Те сакам и кога не ги исполнуваш моите очекувања. Те сакам заради тоа што си.

Дали некогаш си кажуваме себеси: „Задоволен/а сум со себеси. Баш сега. Баш ваков/ваква. И не барам од тебе да направи нешто, па потоа да те сакам. Не барам нешто да оствариш и постигнеш. Те сакам баш каква што си сега/каков што си сега. Несовршен/а.

И ако не сме го направиле тоа до сега, нема врска. Да си простиме. Тоа е затоа што никој не не научил на безусловна љубов. Затоа и сме ја барале на погрешни места, надвор од себе. Но, никогаш не е доцна за промена.

Никогаш не е доцна да научиме како да се вратиме самите на себе. Дома. Во своето срце. Затоа што тука е нашиот дом.

Затоа што само самите ние можеме да си дадеме себе се што некогаш ни  недостасувало и се она што сме го барале на други места. И само ние можеме да ги исцелиме нашите емоционални рани и повреди.

Како? Со тоа што ќе се сакаме самите себе.

cheap nike air max 90